На противнички играч му рече дека е Џеки Чен, па доби 10 меча суспензија

Марко Курто е одговорен за дискриминаторско однесување и санкциониран е на 10 натпревари. Исто така мора да оди на обуки за образование, стои во извештајот на ФИФА за фудбалерот на Комо кој го навредувал играчот на Вулверхемптон, Хванг Хи Чан за време на пријателски меч зад затворени врати пред три месеци.

Од италијанскиот клуб тогаш соопштија дека разговарале со нивниот играч, но дека немало ништо спорно.

„Разговаравме со играчот за инцидентот, а тој ни кажа дека неговите зборови биле: „Игнорирајте го, тој мисли дека е Џеки Чен“. Тоа беше упатување на презимето на играчот, и на постојано на повикување на играчите на својот играч со „Чани“. Нашиот играч не кажа ништо навредливо“, се бранеше италијанскиот клуб.

Од УЕФА соопштија дека нема да го разгледуваат инцидентот затоа што не бил официјален натпревар, но реагираше ФИФА и драконски го казни фудбалерот Курто.

„Марко Курто е одговорен за дискриминаторско однесување и го санкционираме со суспензија од 10 натпревари. Половина од тие натпревари мора да се одиграат во пробен период од две години, а мора да оди и на тренинзи и образование одобрени од ФИФА – напиша водечката светска фудбалска организација.

Курто ќе мора  на „ладење“ но во дресот на Чезена, каде што е во моментов на позајмица.

 

Се вчитува...