Му се смееше на Мегваер во лице по автоголот, а потоа доби „лекција“ колку фудбалот е суров (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед триумфираше со 3-2 против Тотенхем во повеќе од драматичен меч во кој ѕвезда на вечерта секако беше Кристијано Роналдо со својот хет-трик за победа.

Сепак, во фокусот беше и фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро кој во 72. минута по израмнувачкиот погодок на неговиот тим за 2-2, со автоголот на Хари Мегваер, неспортски се понесе смеејќи му се во лице на Мегваер.

Но, многу брзо потоа доби лекција колку фудбалот може да биде суров. Само девет минути подоцна Ромеро повторно беше во фокусот откако не успеа да го запре Роналдо за 3-2 за Јунајтед. Само, сега не му беше до смеење…

Се вчитува...