Хрватската фудбалска легенда Лука Модриќ дебитираше во дресот на Милан на пријателскиот натпревар против Челси на „Стемфорд Бриџ“ настапувајќи во второто полувреме.
Пред почетокот на натпреварот тема на разговор на коментаторите беше токму Модриќ кој доби пофалби од сите страни. Поранешниот англиски напаѓач Карлтон Кол откри и дека му завидува за здравствената состојба во која се наоѓа на 39-годишна возраст.
„Му зависувам. Погледнете ги неговите колена и моите. Тој е потполно здравствено способен. Не е тоа среќа. Во кариерата добивате повреди кои оставаат трага. Тој се грижеше за себе на врвен начин. Кога ќе видите што направи за да остане на врвот, треба да има документарец за да им покаже на луѓето како се прави тоа. Кристијано Роналдо и Лионел Меси се ненадминливи, а тој е таму.
Го одржуваше своето тело во совршена форма. Кога го гледате како игра, можете да видите дека е толку образован што не мора да трча за да надомести некои од недостатоците што ги имаат другите. Тој е врвен фудбалер. Игра за Милан, па затоа е се уште на највисоко ниво“, вели Кол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

