Напаѓачот на Болоња, Ден Ндоје, веќе петнаесетина дена важеше дека е „пред потпис“ со Наполи. Сепак, деновите минуваа, „наполитанците“ потпишуваа играчи кои им беа приоритет за други позиции, а Ндоје во меѓувреме се премисли, па кариерата ќе ја продолжи во Нотингем Форест.
„Шумарите“ беа во потрагата по квалитетен офанзивец што би го заменил Еланга по трансферот во Њукасл, а изборот падна врз Ндоје, кој е и актуелен репрезентативец на Швајцарија. Челниците на Наполи се мачеа да најдат заеднички јазик со Болоња, но раководството на Нотингем експресно го реши тој проблем, нудејќи загарантирани 40 милиони евра плус пет милиони поврзани со неколку клаузули.
Клубовите постигнаа целосен договор, Швајцарецот доби зелено светло да отпатува за Англија каде по деталните лекарски прегледи ќе се приклучи на својот нов клуб.
Што се однесува до Наполи, Антонио Конте сега погледите ги врти кон Премиер-лигата и нови опции за засилувања на „сино-белите“ се Федерико Киеза и Рахим Стерлинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

