Познатиот француски кошаркар и прв човек на Асвел, Тони Паркер, сака да започне тренерска кариера, и тоа не било каде, туку во најдобрата кошаркарска лига – НБА.
Паркер е сопственик на францускиот клуб, и операциите кои ги изведува носат многу одговорности, но се повеќе екс репрезентативецот се стреми да ја замени директорската фотеља со теренот. Според информациите, тој веќе работи на добивање на диплома, односно лиценца за тренер.
„Мојот сон е да работам во НБА “, рече тој.
И, тој веќе започна. Во неговата академија „Тони Паркер“, тренинзите на тимот до 15 години не ги води нивниот официјален тренер Бастијан Жакијар, туку самиот Тони Паркер.
Французинот ја заврши својата играчка кариера во 2019 година. Освои четири НБА прстени со Сан Антонио Спарс и одигра 1.254 натпревари во текот на своите 18 НБА сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

