Муани, сепак, потпиша за ПСЖ, Гринвуд заврши во Гетафе, грчки голман во Нотингем

Се чини заврши трансфер сагата околу Коло Муани, и тој стана нов играч на ПСЖ. Останува само да биде промовиран, откако двата клуба се догвороија за трансфер од 90 милиони евра (75 плус 15).

Најпрво беше објавено дека Муани и дефитивно се сели во ПСЖ, за потоа дека трансферот пропаднал и дека играчот веќе се вратил во Франкфурт, но на крајот дојде до договор на пет години.

Мејсон Гринвуд, отпишаниот играч на Манчестер Јунајтед на крајот заврши во Гетафе. Пропадна можноста тој да замине во Лацио, а се шпекулираше и со белградска Црвена Звезда. Меѓутоа тој на крајот се договори со Гетафе.

Откако Анатоли Трубин дојде во Бенфика, беше познато дека за голманот Одисеас Влаходимос ќе нема иднина во овој тим. Затоа тој најде ангажман и потпиша за Нотингем Форест. Беше поврзуван и со Баерн Минхен.

Алваро Одриозола, досегашниот играч на Реал Мадрид ќе ја продолжи кариерата во Реал Сосиедад.

Досегашниот играч на Нотингем, Бренан Џонсон и официјално потпиша за Тотенхем.

Се вчитува...