Муарем Бајрами не е повеќе тренер на Македонија ЃП. Двете страни денеска ја прекинаа соработката по ремито со Скопје во средата.
Бајрами дојде како прв тренер на местото на Александар Таневски, и со клубот успеа да го освои Купот минатата година.
Викендов “лавовите” гостуваат кај лидерот Струга ТЛ, а најверојатно екипата ќе ја води некој од помошниците. Се очекува идната недела да се назначи нов шеф на стручниот штаб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА