Шефот на стручниот штаб на актуелниот освојувач на националниот куп, Македонија Ѓорче Петров, Муарем Бајрами ги сумираше впечатоците по одработените подготовки на тимот во Анталија и Хрватска за продолжението на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Тој вели дека е задоволен од тоа што го видел од неговите фудбалери пред финишот на подготовките кои ќе ги одработат во Скопје.
„Задоволен сум од тоа какви услови имавме во Хрватска и Турција за работа и убеден сум дека направивме квалитетни подготовки од кој со сигурност ќе имаме бенефит во првенството, како физички, така и во тактички аспект. Имаме уште неполни 10 дена за работа пред почеток на првенството. Подготовките ги продолжуваме во Скопје и работиме напорно за максимално да бидеме спремни за натпреварот со Академија Пандев“, изјави Бајрами.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА