Муарем и официјално промовиран во казахстански Актобе

Како што беше и претходно најавено, македонскиот интернационалец Муарем Муарем својата кариера ја продолжува во казахстанскиот прволигаш Актобе.

Откако се раздели со азербејџански Карабах, 28-годишниот Муарем се одлучи да продолжи со интернационалната кариера но сега преселувајќи се во Казахстан. Денеска, Муарем и официјално беше промовиран од страна на својот нов клуб, за кого треба да биде големо засилување во трката за опстанок сезонава.

Муарем Муарем, во својата кариера, покрај во домашните Скопје, Работнички и Тетекс, има настапувано и за турските Ордуспор и Ескишехирспор. За Карабах запиша 111 официјални настапи со 22 постигнати гола. Има и седум настапи во дресот на сениорската репрезентација на Македонија.

Се вчитува...