Поранешниот фудбалер и доскорашен член на стручниот штаб на Гостивар Муарем Муарем, се приклучи на тимот на Шкупи. Чаирскиот тим го ангажираше како помошник тренер на актуелниот шеф на стручниот штаб Ердем Алпарслан.
Муарем Муарем и како фудбалер кратко беше дел од Шкупи. Тој сезонава беше назначен и за главен тренер на екипата на Гостивар, каде во девет меча не загуби на ниту една средба.
Покрај Муарем, во стручниот штаб на Шкупи ќе бидат Минас Османи, Ферид Весели и Емре Инан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА