Мудијалот остана сон: Полска и втор пат подобра од Македонија

Македонската женска ракометна репрезентација одигра нов одличен натпревар против фаворизираната Полска во баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година, но како и на првиот дуел претрпе минимален пораз, овој пат од 21-23.

Македонија на денешниот натпревар одигран во салата „Боро Чурлевски“ во Битола бараше победа со повеќе од четири голови за анулирање на негативата од мечот одигран на гостински терен, но и покрај тоа што покажа одлична игра во нападот и одбраната, а ја имаше и поддршката од фантастичната публика, не успеа да најде решние за расположените полски ракометарки.

Полска подобро го започна натпреварот и поведе со 2-0, предноста која донесе полесна игра на гостинските ракометарки во продолжението од средбата. Македонија постојано се враќаше во игра, на полувреме резултатот беше и изедначен со 10-10, но Полска продолжи да го диктира темпото во вторите 30. минути. Не дозволи македонска предност, одлеваше на налетите и изедначувањата на Македонките па со оглед на предноста од првиот меч приреди мирен финиш на средбата.

Катерина Дамјановска со пет гола ја предводеше Македонија, а неа ја следеше Ива Младеновска со четири гола. Балсам постигна седум голови за Полска.

Се вчитува...