Мудрик бара „излез“ од Челси

Крилниот напаѓач на Челси, Михајло Мудриќ е незадоволен од ситуацијата во која се најде од почетокот на сезоната. Украинецот едвај добива шанси да се појави под водство на новиот менаџер Енцо Мареска и веќе размислува да побара трансфер во зима. 

Сепак, тоа нема да биде толку лесна задача. Има договор со „сините“ до 2031 година, и заработува огромна плата, што може да придонесе многу тимови да се откажат од него. Лондончани ќе сакаат да се разделат со него, но само со целосен трансфер, а не со позајмица.

Мудрик дојде во Челси од Шахтјор за 70 милиони евра во јануари 2023 година. Меѓутоа „сините“ тешко дека ќе дојдат до таа цифра.

Од пристигнувањето на Стемфорд Бриџ, Мудриќ одигра 64 натпревари, постигнувајќи 7 голови и 6 асистенции.

Се вчитува...