Украинскиот фудбалер Михајло Мудрик сезонава повторно ја нема минутажата која би ја посакал, па по се изгледа ќе бара излез од Челси.
Украинскиот крилен напаѓач не може да го најде својот ритам во лондонскиот клуб. Не успеа да се наметне ниту кај новиот тренер Енцо Мареска, па веќе во зима може да ја смени средината.
Сезонава на четири натпревари во Премиерлигата Мудрик собра само 63 минути, а не постигна ниту гол ниту асистенција. Тој, исто така, одигра два меча во квалификациите во Конференциската лига против Сервет, но натпреварите што ги одигра не беа доволно добри за да се наметне во првиот тим на тренерот Мареска.
Челси во овој преоден рок го доведе и Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед кој се чини дека се прероди и на Мудрик ќе му биде исклучително тешко да се пробие кога ќе се земат предвид неговите лоши игри и се подобрите игри на Санчо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА