„Мудрик има невиден талент, ќе видите колку е добар“

Челси во јануарскиот трансфер период ја доби битката со Арсенал за еден од најталентираните украински фудблаери, Михајло Мудрик. 22-годишникот премина на „Стемофрд Бриџ“ во трансфер вреден 70 милиони евра, но во полусезоната со „сините“ не успеа да го потврди својот потенцијал.

На оваа тема говореше и Бен Чилвел кој вели Украинецот поседува невиден талент во кој луѓето наскоро ќе се уверат.

„Во Миша глеадам невиден потенцијал кој се уште не е исполнет. Му го кажав тоа. Зборев со него во соблекувалната по тренинзите и му кажав дека мора да продолжи вака. Игра одлично сега, но мора да продолжи така до крајот на сезоната. 

Носењето одлуки на терен како кога да шутира, кога да дрибла, кога да додаде го прави беспрекорно. Му кажав дека мора да продолжи така со самодоверба и дека сите стоиме зад него. Сите сме тука да му помогнеме. Ќе видите колку е добар, само мора да продолжи на тој начин“, вели Чилвел.

Се вчитува...