Украина е 23-тиот учесник на Европското првенство во Германија, откако вечерва на неутрален терен во Вроцлав ја совладаа селекцијата на Исланд, потешко од очекувањата. И со ист рецепт како и против БИХ со пресврт и со гол во последните минути од средбата, Украинците славеа победа и пласман на Европското првенство.
Гудмундсон во 30. минута му донесе предност на Исланд, која беше актуелна на полувремето. Голот на Јаремчук беше поништен, па на повидок беше сензација. Но, Циганков во 54. минута успеа да донесе израмнување.
Мудрик е херојот на Украина, кој во 84 минута по една убава акција погоди во мрежата на Исланѓаните, и така му донесе на својот тим пласман на ЕП.
За потсетување дека Украина беше во група со Македонија во квалификациите и заврши како третопласирана.
Во вториот бараж меч во Кардиф, Велс и Полска играат без голови, и таму ќе има продолженија. Претходно Грузија по пенали ја совлада Грција и обезбеди прво историско учество на Европско првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА