Крилниот фудбалер на украинската репрезентација и на тимот на Челси, ја коментираше победата во Скопје над Македонија, со неверојатниот пресврт во вториот дел кога Украинците од 0-2, стигнаа до победа од 3-2.
Мудрик кажа дека не знае што се случувало со неговата селекција по првиот дел, но дека во вториот се договориле да одат на се или ништо, и потоа стигнаа до трите бода.
„Не знам што се случи во првиот дел. Можеби бевме малку и уморни. На полувремето сфативме дека мораме да одиме на се или ништо, почнавме да даваме голови и да ја стигнеме разликата. Се боревме до крај, среќни сме за победата“, рече Мудрик кој во вториот дел со две асистенции придонесе за победата на својата селекција.
„Сакам да кажам никогаш да не се сомневате во мене. Секогаш го давам максимумот за Украина. За голот на Коноплиа, имавме многу вакви во Шахтјор, беше на вистинско место во вистинско време. За вториот гол само приметив дека Михоленко трчаше зад одбраната, и му додадов во опасната зона, тој реагираше одлично и постигна гол за победа“, изјави Мудрик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА