Мугуруза го освои Монтереј, Азаренка го предаде финалето

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја одбрани титулата на турнирот во Монтереј, Мексико, кој се игра за награден фонд од 250.000 долари. Таа во финалната пресметка поведе со 6-1, 3-1 против поранешната најдобра светска тенисерка Викторија Азаренка, по што Белорусинката мораше да го предаде мечот поради повреда на десната рака.

Шпанката беше доминантна во текот на целиот меч, а Азаренка очигледно имаше проблеми со повредата.

 

Се вчитува...