Гарбине Мугуруза е новата шампионка на турнирот во Синсинати, откако шпанската тенисерка вечерва во финалето ја декласираше Симона Халеп со преубедливи 6-1, 6-0.
Шпанката уште еднаш потврди дека се наоѓа во животна форма, па по освојувањето на Вимбдон играше импресивно цела седмица во Синсинати, на крајот заслужено закитувајќи се со трофејот. Откако вчера ја совлада првата носителка Плишкова, Мугуруза денеска уште полесно ја совлада Халеп, препуштајќи и на Романката само еден единствен гејм.
Халеп со победа денеска ќе се искачеше на врвот на ВТА-листата, но третпат годинава Романката потклекнува пред истиот предизвик, откако загуби во финалето на Ролан Гарос, а потоа и во четвртфиналето на Вимблдон кога и беше потребна само една победа за стане прворангирана светска тенисерка.
На најновата ВТА-листа Халеп ќе заостане само пет бода зад Плишкова, но и со Мугуруза која опасно ќе им се приближи на најдобрите светки тенисерки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА