Мухамед Елмас дополнително повикан во репрезентацијата до 19 години

Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 9 до 15 октомври ќе учествува на квалификацискиот турнир во Лукембург за пласман во елитната фаза на квалификации.

Покрај Македонија, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на домаќинот Луксембург, Словачка и Летонија. Пред заминувањето за Луксембург селекторот Вујадин Станојковиќ се соочува со проблеми откако се повреди Андреј Силјановски од Пелистер.

На негово место дополнителен повик во репрезентацијата доби братучедот на Елиф Елмас, Мухамед кој во моментов е играч на Гостивар.

ГОЛМАНИ:

Славе Вргов   Вардар Неготини

Спаско Ахтаров   Беласица

Амар Хаџибулиќ   Работнички

ОДБРАНА:

Анес Мелиќи   Шкендија

Андреј Велков   А.П. Брера

Наим Синанов   Варнамо, Шведска

Адриан Незир   Верл, Германија

Андреј Љубевски   Работнички

Габриел Крстевски   Пелистер

Нуман Ајетовиќ   Шкупи

СРЕДЕН РЕД:

Давид Ристовски   А.П. Брера

Матеј Гаштаров   Црвена Звезда, Србија

Милот Синани   Ара, Швајцарија

Аљмир Подграѓа   Работнички

Никола Манојлов   Работнички

Урон Алили   Елбасани, Албанија

НАПАД:

Веби Ислами   Шкендија

Димитар Данев   Работнички

Мухамед Елмас Гостивар

Стефан Младеновски   Црвена Звезда, Србија

Адмир Љатифи   Беса

Јован Бошнаков   Работнички

Се вчитува...