Мухова без проблеми до полуфинале на УС опен

Чешката тенисерка, Каролина Мухова е третата учесничка во полуфиналето на женскиот турнир на последниот гранд-слем турнир во сезоната, Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави.

Таа во четвртфиналето денеска со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-3 за 1 час и 23 минути славеше против бразилската тенисерка, Беатриз Хадад-Маја.

Во полуфиналето Мухова за противник ќе ја има подобрата од дуелот меѓу најдобрата тенисерка во светот Ига Швјонтек и домашната надеж, Џесика Пегула. Вториот полуфинален пар го сочинуваат Арина Сабаленка и Ема Наваро.

Се вчитува...