Мукаетов: Добивавме многу критики со Лазаров, но покажавме дека направивме голема работа

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонија ја забележа втората победа на СП 2025 откако нашите ракометари попладнево во одличен натпревар славеа над Катар со резултат 39-34. Избраниците на Лазаров одиграа фантастично, од почеток до крај имаа контрола над резултатот, не дозволувајќи им на Катарците да се понадеваат на позитивен резултат.

По мечот свое обраќање имаше и првиот човек на Ракометната федерација на Македонија Живко Мукаетов…

„Апсолутно сум задоволен од пристапот на секој натпревар и желбата за победа. Мислам дека тие се вистински пример како треба да се бориме за Македонија. Сплет на многу околности е тоа што немаме публика и на овие мечеви, но момците го дадоа и така максимумот на теренот. Оваа репрезентација во следните години може да пружи многу. Трпевме многу критики изминативе години на чело со Кире Лазаров, но покажавме дека направивме голема работа“, изјави Мукаетов. 

Се вчитува...