Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, не го крие сработеното од страна на нашата куќа на ракометот пред и за време на овој европски шампионат.
Првиот човек на мак-ракометот и на денешната средба со челниците на ЕХФ и со новинарите се заблагодари на сите кои се вклучени во организацијата, а како главен плус за нашиот женски ракомет го потенцираше искуството со кое се здобија репрезентативките во овој период.
„Искрено сум горд на сето она што го сработевме, ова беше сериозен проект за кој верувам дека целосно одговоривме на предизвикот. Горд сум што имавме над илјада волонтери во сите сегменти од шампионатот, сите тие на свој начин дадоа придонес за оваа организација да биде на највисоко ниво, што е додадена вредност за нас како организатори, но и за нив самите бидејќи се дел од едно големо натпреварување. Она што ме прави исклучително горд е фактот дека ракометарките станаа спортски симболи, до пред ова ЕП ретко кој знаеше како изгледаат, а сега веќе се многу попознати за јавноста, за фановите. Тоа е еден голем плус за она што се обидуваме да го направиме, да го кренеме женскиот ракомет, за и оваа селекција почесто да учествува на големитe натпреварувања“, изјави Мукаетов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА