ЕКИПА во Букурешт,
Стеван Цаневски
Македонската репрезентација ќе има поддршка од трибините на денешното гостување против Романија, на кое нашите ракометари ќе ја бранат предноста од осум гола по убедливиот триумф во Скопје.
Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, заедно со Генералниот секретар Филип Милошевски се на трибините од салата „Динамо“, како дел од групата од дваесетина лица кои ќе ги бодрат Лазаров и неговите избраници на денешниот реванш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА