Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, порачува дека не треба да се врши притисок врз ракометарите бркајќи конкретен пласман. Сепак, првиот човек на мак-ракометот е оптимист дека „црвено-жолтите“ повторно ќе одиграат на високо ниво и ќе ги израдуваат македонските навивачи, за кои се очекува во голем број да отпатуваат во Загреб за да им дадат поддршка на избраниците на Раул Гонзалес.
„Пред се јас сум убеден дека момците ќе дадат се од себе, мислам дека имаме една одлична комбинација од младост и искуство и на стручен штаб кој е додадена вредност. Јас сум оптимист и се надевам дека ќе направиме резултат од кој сите ќе бидеме горди. Мислам дека нема потреба од дополнителен притисок со бркање на конкретен пласман. Одиме да играме, да дадеме максимум, а јас сум убеден дека ќе дојдеме до добри резултати, особено поради фактот дека ќе имаме и огромна поддршка од трибините“ – истакна Мукаетов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА