Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, е еден од специјалните гости на форумот „Спортот како економски стимуланс“ што попладнево се одржува во хотелот „Вестин“ во Загреб.
Првиот човек на мак-ракометот пристигна на форумот во друштво на претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, а дел од овој елитен собир е и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
По првичниот настап и промоција на словенечките претставници, Мукаетов како претседател на федерација, но и исклучително успешен бизнисмен, ќе биде дел од дискусијата околу поврзаноста на спортот и економијата и начините за уште поголемо „врзување“ на овие два аспекти на модерното живеење.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА