Македонија ја оствари целта, се пласира во осминафиналето на мундијалот во Франција, а го избегна и домаќинот, кој е најголем фаворит за златниот медал. Во осминафиналната пресметка ќе вкрсти со Норвешка во Албервил, како третопласирана селекција по групната фаза во нашата група.
Се разбира, задоволството е присутно и кај претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.
„Сакам да им честитам на ракометарите, задоволни сме, момците ’изгинаа’ на терен, секоја чест. Целта е остварена, сега одиме во Албервил и се надевам дека во идентично издание, максимално борбено и со фанатична желба ќе истрчаат ракометарите и на осминафиналниот двобој“, изјави претседателот на РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА