Првиот човек на компанијата „Алкалоид АД“, Живко Мукаетов, беше присутен на денешниот тренинг на ракометниот клуб што го носи истото име, за да им посака среќа на ракометарите во пресрет на неделното европско финале во Атина против тиммот на АЕК.
Алкалоид е успешна спортска приказна откако за само неколку години постоење најпрвин се закити со трофејот во Купот на Македонија, а сезонава стигна и до големото финале на ЕХФ Европскиот куп.
Мукаетов, кој долги години беше и успешен предводник на Ракометната Федерација на Македонија, се реши и за самостоен клупски проект во кој шанса пред се ќе добиваат македонски ракометари, рецепт што се покажува како огромен успех предводен од селекторот Кире Лазаров.

Успешниот бизнисмен им посака среќа на ракометарите со желба за што подобар резултат во Атина, во пресрет на реваншот во Скопје на кој ќе биде решен новиот шампион на ЕХФ Европскиот куп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

