Претседателот на РФМ Живко Мукаетов ги искажа своите импресии од победата на Македонија над Чешка и пласманот на Светското првенство идната година во Полска и Шведска.
Мукаетов кажа дека е пресреќен за овој успех, и пред се е среќен што има обезбедена иднина за македонскиот машки ракомет.
„Пресреќен сум, овие момци покажаа дека имаат квалитет и карактер и дека имаме сеирозна идниниа во машкиот, и се надевам во скоро и во во женскиот ракомет“, изјави Мукаетов.
Мукаетов кажа дека играчите покажале како се игра за својата држава.
„Тука сме уште повеќе да инвестираме во македонскиот ракомет и во македонскиот спорт, македонските играчи покажаа што значи да се има достоинство и како треба да се бориш за сопствената држава, што на крајот придонесе за овој успех“, рече Мукаетов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА