Мукаетов: Сите заедно – до успех што ќе не направи горди

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, е оптимист дека нашиот национален тим ќе ја оствари примарната цел, пласман во втората фаза од Европското Првенство што ќе се одржи во Хрватска.

Мислам дека треба најпосле таа комбинација од младост и искуство да дојде до израз. Секако, сметам дека првиот круг со квалитетот што го поседуваме треба апсолутно да го минеме, да дадеме максимум. Тука е публиката, навистина одлична атмосфера, посветеност, и ако сите тие коцки се склопат како што треба се надевам дека можеме и подолго да играме на ова првенство“ – вели Мукаетов.

Македонските фанови нема да имаат одделна фан-зона во Загреб, но сигурно ќе се продолжи традицијата да имаат свои собиралишта за „загревање на атмосферата“ пред натпреварите.

Проценката е дека во Загреб ќе има околу 2.000 навивачи на македонската репрезентација. Засега официјална фан-зона е само онаа како дел од организацијата на шампионатот на градот Загреб, но сигурно ќе има и собиралишта на нашите навивачи. Сепак, прво да стигнеме во Загреб и да видиме каква е целата ситуација. Во секој случај, да бидеме сите заедно, да бидеме сплотени, да навиваме заедно и заедно со стручниот штаб и навивачите сите да стигнеме до еден успех што сите ќе не направи горди“ – оптимист е првиот човек на македонскиот ракомет.

Се вчитува...