Дебинтатот во ракометната лига на Македонија, Мулти Есенс ги почна подготовките за својата премиерна сезона во елитата.
Првата прозивка ја направи новиот тренер, поранешниот репрезентативец и тренер со интернационално искуство, Иван Марковски, а негов асистент е Миле Бочкаровски. РК Мулти Есенс ќе ги реализира подготовките во Скопје, предвидено е да учествува на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а ќе одигра и неколку контролни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА