Мулти Есенс нов член на ракометната Супер лига

Тимот на Мулти Есенс, дебитантот во прволигашката конкуренција, обезбеди пласман во македонската Супер Лига. Момците на Бранислав Ангеловски со победата над Металург РА од 30-25, го потврдија местото меѓу најдобрите тимови за следната сезона, правејќи недостижна разлика од Аеродром и Драчево.

Регуларниот дел Мулти Есенс го заврши без пораз, победи на 16 меча, и продолжи во ист стил и во разигрувањето за трофејот.

За второто место кое носи пласман во „елитата“ се  борат три тима. Покрај Аеродром и Драчево, тука е и Младост Богданци.

Се вчитува...