Мулти Есенс е на добар пат да се врати назад во македонската ракометна елита откако младиот тим од Автокоманда забележа клучна победа на вчерашното дерби со Младост Богданци, со убедливи 39-27.
Гостите од Богданци дојдоа во „Автокоманда“ без ниту еден претрпен пораз сезонава, но младите ракометари на Мулти Есенс одиграа перфектен меч, забележаа убедлива победа и го презедоа врвот на табелата. Првото полувреме мина во израмнет ракомет, на одмор се замина со 19-17 за Мулти Есенс, но домашниот тим потоа целосно доминираше во вториот дел, прими само десет гола за 30 минути игра и се радуваше на голема победа.
Согласно пропозициите, шампионот на Првата лига обезбедува промоција во елитното друштво, додека второпласираната екипа ќе игра бараж со претпоследниот тим од Супер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

