Светското првенство во 2030 година би можело да се игра во шест држави, со тоа што Аргентина, Уругвај и Парагвај би биле домаќини на три од вкупно 104 натпревари.
Во тие јужноамерикански држави би се играле првите три меча, по што потоа Мундијалот би се преселил во Шпанија, Португалија и Мароко, каде што би биле одиграни останатите натпревари.
Овој интерконтинентален формат би требало да биде потврден или отфрлен до крајот на 2024 година, но се очекува истиот да биде потврден.
Освен играњето на три континенти, специфично би било тоа што Мундијалот би траел најдолго во историјата на Светските првенства. Првите натпревари во Јужна Америка би се одиграле на 8 и 9 јуни, а финалето би можело да се игра на 21. јули, најверојатно на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид.
Должината помеѓу првиот меч и последниот би бил 45 денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА