Италијанската фудбалска репрезентација не играше на Светските првенства во 2018 и 2022 година, а квалификацискиот циклус за Светското првенство во 2026 година започна лошо.
Поразот од Норвешка (0-3) и победата над Молдавија (2-0) не задоволи, а сите на „чизмата“ стравуваат дека третото по ред најголемо натпреварување може да се одржи без „аѕурите“.
За ова во подкастот „The Italian Football“ проговори и легендарниот Кристијан Бобо Виери, но на свој, живописен начин.
„Италија да не оди на Светско првенство е полошо чувство за мене отколку кога ќе те остави девојка ти“, рече Виери.
За потсетување во баражот во 2022 година Италија во Палермо беше поразена со 0-1 од Македонија, со велемајсторијата на Аце Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

