Легендата на хрватскиот фудбал и еден од хероите од минатато Светско првенство, Иван Ракитиќ говореше околу шансите на својата репрезентација да го повтори успехот од пред четири години во Русија.
Покрај неговите предвидувања за успехот на хрватската репрезентација, тој говореше и за шансите Светското првенство во иднина да биде организирано на Балканскиот полуостров.
Фудбалерот на Севилја смета дека балканските земји не би можеле да организираат еден голем шампионат како што е Мундијалот се до 2050 година.
„Мислам дека се уште е рано за такво нешто. Верувам дека би можеле да се бориме за организација дури некаде таму во 2050 година. Најголем проблем е инфраструктурата на која мораме да работиме“, изјави Ракитиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА