Мундијалот ја донесе и првата жртва: Се самоуби поради лошите игри на Меси и Аргентина!

Аргентинците благодарение само на Нигерија се уште се со шанси за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Русија. Но, сега „гаучосите“ освен на триумф против Нигерија ќе мора да се надеваат и на кикс на Исланд во пресметката со Хрватска која, пак, ќе настапи со седум дебитанти.

Фановите на Аргентина се скршени до таа мера, што еден страствен навивач на Лионел Меси од Индија изврши и самоубиство по поразот од Хрватска.

Како што пренесоа индиските медиуми, Дину Алекс, кој бил до неверојатна мера стратствен навивач на Меси не можел да го поднесе поразот од Хрватска. Според информации кои неговото семејство ги пренело до полицијата, Алекс по мечот Аргентина – Хрватска само го исклучил мобилниот и по кратко време извршил самоубиство со скок во најблиската река. Неговото безживотно тело е најдено еден ден подоцна.

Се вчитува...