Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ќе бидат домаќини на Светското фудбалско првенство во 2026 година, објави денеска ФИФА. Одлуката беше донесена на Конгресот на Светската фудбалска организација што се одржа во Москва. За кандидатурата на овие три земји гласаа вкупно 134 делегати.
Мундијалот што за осум години ќе се одржи во трите земји САД, Канада и Мексико, ќе биде прв на кој треба да учествуваат 48 фудбалски селекции. Во најтесниот избор на ФИФА отпадна апликацијата на Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА