Репрезентацијата на Капе Верде со само еден одигран натпревар неславно го заврши настапот на СП 2021 во Египет. Оваа африканска селекција се соочи со огромни проблеми со коронавирусот, на премиерниот меч со Унгарија настапи само 11 ракометари, а откако се појавија два нови случаи службено го загуби вчерашниот натпревар со Германија.
Ракометната Федерација на Капе Верде објави дека е во обид дополнително да повика четири ракометари експресно да пристигнат во Каиро, но тоа очигледно не вродило со плод бидејќи последните информации велат дека оваа репрезентација веќе го напуштила Египет.
Ова практично ќе значи дека Уругвај без ниту еден освоен бод ќе се пласира во главната рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА