Аргентинa уште повеќе си го искомпликува животот во битката за осминафинале на СП откако „гаучосите“ се најдоа во негатива против Хрватска, и тоа по катастрофалната грешка на Вили Кабалјеро.
Овој голман требаше како еден од најискусните во репрезентацијата да помогне со своето искуство, но се посрамоти во второто полувреме, кога наместо да ја исфрли топката во поле му ја намести на волеј на Ребиќ, кој не му прости на фаворитот за еуфорија на „коцкестите“ навивачи во Нижњи.
Тешко на Аргентина со ваков селектор, уште потешко со ваков голман.
Terrible mistake from Caballero but what a finish, on the volley. Croatia winning ? #ARGCRO #WorldCup pic.twitter.com/6LTjifBEPJ
— World Cup Goals (@FIFAWCGoals) June 21, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА