Фудбалската репрезентација на Белгија го освои третото место на Светското првенство во Русија. „Црвените ѓаволи“ ја совладаа Англија со 2-0 и стигнаа до мундијалската бронза.
Во битката на ’ранетите полуфиналисти’ во Санкт Петербург, избраниците на Роберто Мартинез подобро се снајдоа и успеаја со брз погодок да ја разбијат англиската одбрана. Томас Муние во четвртата минута го отвори резултатот на овој меч.
Кејн и Рашфорд се обидоа да возвратат на спротивната страна, најблиску до погодок беше Ерик Даер, но Алдерверелд спаси од самата гол – линија. Во завршницата, Еден Азар во 82.минута постигна втор гол за Белгија и ги разреши дилемите околу победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА