Мурат Јакин е нов селектор на Швајцарија

Мурат Јакин е нов селектор на репрезентацијата на Швајцарија каде ќе го наследи Владимир Петковиќ по успешното Европско првенство за оваа држава.

Швајцарецот кој во играчката кариера настапи 49 пати за својата репрезентација на селекторското место доаѓа од второлигашот Шафхаузен и неговиот договор со федерацијата е до крајот на квалификациите за Светското првенство со можност за продолжување на соработката.

Јакин дебито на селекторското место ќе го има во септември кога Швајцарија во Базел ја пречекува Грција.

Се вчитува...