Мурати: Шкендија сака да продолжи со триумфи

Шкендија на последниот меч на домашен треен во Тетово „киксна“ против Победа играјќи 3-3. Но, потоа следеше убедлив триумф против Работнички (2-6) што ја врати самодовербата во тимот на Ќатип Османи. Десниот бек Мевљан Мурати очекува победничката низа да продолжи и на денешниот меч (15.30 часот) против Силекс во Тетово.

„Се враќаме во Тетово по убедливата победа над Работнички и треба да продолжиме во ист стил. Во никој случај не смееме да се опуштиме како претходниот меч против Победа во Тетово, тоа треба да ни биде доволна поука. Сакаме да продолжиме да победуваме и да го задржиме првото место на табелата. Силекс е тим кој мора да се респектира и на овој меч му приоѓаме максимално фокусирани“, вели Мурати.

Силекс беше непријатно изненаден од Шкупи во Кратово кога загуби со 0-1. Тренерот Жикица Тасевски и фудбалерите сега ќе сакаат да прикажат во многу подобро издание и да ја прекинат низата од три последователни порази.

ПРВА ЛИГА, 6.КОЛО, ДВОЈКИ

ВАРДАР – РЕНОВА (Стадион „Борис Трајковски“, Маџари)

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (Градски стадион во Тетово)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР (Стадион „Младост“, Струмица)

ШКУПИ – СКОПЈЕ (Стадион „Чаир“, Скопје)

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ (Стадион „Могила“, Прилеп)

Се вчитува...