„Ремонтот“ во играчкиот кадар на Шкендија на почетокот од овој преоден рок продолжува, откако тетовци објавија дека во новата сезона нема да сметаат на Мевлан Мурати.
Десниот бек беше стандарден првотимец кај тетовските „црвено-црни“ во изминатиот период, но по истекот на договорот не беше пронајден заеднички јазик околу продолжување на соработката, по што Мурати како слободен играч си заминува од Шкендија.
„Крајот на сезоната го донесе и истекот ан договорот што Мевлан Мурати го имаше со Шкендија, му посакуваме на овој фудбалер се најдобро во иднина, Сакаме да испратиме максимална благодарност до Мурати, фудбалер кој девет сезони ги бранеше боите на нашиот клуб, беше дел од младинската школа на Шкендија и остана во клубот во најуспешните години од нашата историја. Мевлан Мурати освои пет трофеи со Шкендија, три титули во првенството и по една во Купот на Македонија и во Суперкупот на Македонија“, се вели во соопштението на тетовци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА