Екипата на Башкими бара победа по два последователни пораза, против Струга Трим Лум и Шкендија. Но, пред себе има тежок предизвик бидејќи ќе се соочи со екипа која е „совршена“ во првите пет кола од Прва МФЛ. Гостите имаат најефикасен напад со просек од три гола по натпревар, а досега примија само еден гол. Сепак, централниот бек Реџеп Мурати верува дека Башкими е подготвен да му донесе големи главоболки на актуелниот лидер во првенството.
„Работевме напорно на тренинзите и ќе го дадеме нашиот максимум на теренот. Го почитуваме противникот, Силекс, но нашата цел е победа. Се надевам дека ќе одиграме добар натпревар и ќе ги направиме нашите навивачи среќни“, изјави Мурати.
Тој е убеден дека екипата ќе реагира позитивно на домашен терен во Куманово и ќе им ја донесе радоста на навивачите.
„Ќе дадеме сè од себе и сигурен сум дека бодовите од овој натпревар ќе останат во Куманово. Нашите навивачи заслужуваат победа и ќе се бориме до крај за нив“, додаде централниот бек на КФ Башкими.
Натпреварот од 6. коло помеѓу Башкими и Силекс ќе се игра денеска (16.09) од 15:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

