Муричи од трагичар до херој на Мајорка (ВИДЕО)

Мајорка стави крај на серијата од три нерешени натпревари и славеше во 28. коло совладувајќи го Еспањол со 2-1 натпревар во кој до триумф стигна во 97. минута.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме, Муричи со автогол донесе противничка предност во 53. минута, а 10 минути подоцна промаши и пенал за изедначување. Сепак домаќините изедначија само две минути подоцна преку Асано, а целосниот пресврт го комплетираа во 97. минута кога од белата точка, овој пат Муричи беше прецизен.

Со овој триумф Мајорка стигна до 40 освоен бод во сезоната со која воедно и се искачи на седмата позиција на табелата. Еспањол останува на 15. место со 28 бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...