Колумбискиот интернационалец Џејсон Мурилјо доаѓа во Барселона како позајмен играч од Валенсија. Двата клуба ги договорија деталите, а фудбалерот треба да ги мине лекарските прегледи и во зимскиот преоден рок да се пресели на „Камп Ноу“.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, итно побара од раководството на клубот да доведе нов централен дефанзивец, а покрај Мурилјо во опција беше и Данецот Андреас Кристенсен од Челси. Сепак, клубот од „Стемфорд бриџ“ не се сложи да го пушти одбранбениот фудбалер на позајмица во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА