Финскиот кошаркар Мика Муринен потпиша тригодишен договор со Партизан, а своите први впечатоци по повод настанот ги сподели за финскиот весник „Јле“.
На општо изненадување на јавноста, Муринен одлучи да ја продолжи кариерата во Европа, пред да влезе на драфтот на НБА и покрај тоа што имаше опција да остане во Соединетите Американски Држави.
„По Евробаскетот, го разгледав најдоброто можно место, без разлика дали тоа беше поранешното училиште Аризона Компас или некое друго. Ги разгледавме сите опции и Партизан беше најдобар во овој момент“, рече Финецот.
Кошаркарот призна дека работата со Жељко Обрадовиќ е причината поради која го одбрал Партизан.
„Многу искусен тренер, едвај чекам да се приклучам на тимот. Подготвен сум за предизвикот да работам со него. Тоа е причината зошто одбрав да одам таму – сакам да се подобрувам. За тоа, ви е потребен строг тренер со високи критериуми.“, изјави Муринен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

