Жозе Мурињо е максимално фокусиран на завршницата на сезоната со Рома, со оглед на фактот дека „волчицата“ до крајот на месецот ја очекува битка за четвртото место во Серија А, но и разврска во Лигата на Европа каде за ривал во полуфиналето го има Баер Леверкузен.
Бројни европски медиуми објавија дека Мурињо е главна желба за тренер на ПСЖ за наредната сезона, дел од нив шпекулираа и дека веќе е постигнат договор за тригодишна соработка, но Португалецот во свој стил ги демантираше гласините.
„Ако луѓето од ПСЖ ми звонеле и ме барале на телефон, сигурно сум бол недостапен. Не ме пронашле, никогаш не сме разговарале, тоа е се што можам да кажам на оваа тема“, изјави Мурињо.
Тренерот на Рома повторно се пожали и на повредите на неколку првотимци во пресрет на првиот меч со Баер Леверкузен, за кој Пауло Дибала нема да биде подготвен да стартува од првата минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА