За многумина харизамтичиот, но и за многумина арогантен Жозе Мурињо одново се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност со интересна изјава поврзана со себе.
Тренерот кој самиот си го даде надимакот „Специјален“ сега во изјава за турските медиуми потенцираше дека доколку некој клуб сака да освои трофеј треба да го ангажира него.
„Сум освоил трофеи во секој клуб со кој сум работел, со исклучок на Тотенхем каде што добив отказ два дена пред финалето на Купот во кое Тотенхем загуби од Манчестер Сити. Со другите клубови резултатот од мојата работа е освоен трофеј“, вели Мурињо.
Португалскиот стратег во својата богата кариера освои вкупно 26 големи трофеи со Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Рома. Во моментот е тренер на Галатасарај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА