Жозе Мурињо ја презеде Рома, па Португалецот овој летен трансфер период ќе се обиде да го искористи за да направи „ремонт“ кај „Волчицата“, со цел да создаде силен и конкурентен тим во Серија А. Славниот клуб од Италија следната сезона ќе игра во Лига Европа, а тоа е проблем за Мурињо кога е во прашање доаѓањето на големи имиња.
Во Рим се очекува многу од легендарниот стручњак од Португалија, а како што пренесуваат италијанските медиуми, веќе се подготвува вистинска фудбалска трансфер „бомба“. Стручниот штаб на Рома посакува капитенот на Реал Мадрид да пристигне во нивните редови. Серхио Рамос е голема желба за секој искусен стручњак.
Во овој трансфер период дефанзивецот на Реал е едно од најспоменуваните имиха, Серхио Рамос се поврзуваше со Манчестер Сити и Пари Сен Жермен. Во изминатиот месец наводно беше постигнат договор во врска со продолжување на соработката помеѓу Рамос и Реал, но сега ситуацијата станува се понеизвесна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА